Чаир со голем пресврт до победа над ТФТ

Кошаркарите на Чаир поведоа со 1-0 во плеј-оф серијата против ТФТ откако вечерва успеаја да направат голем пресврт и на крај да победат со 81-78.

Гостите на одличен начин го стартуваа мечот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност (17-28). До крајот на првото полувреме успеаја малку да ја зголемат оваа предност и на пауза да заминат со позитива од плус 13 (32-45).

Во третиот период имаше израмнета игра во која домаќините успеаја да намалат само три поени од негатива и во последните десет минути да заминат со негатива од десет поени (56-66). Чаир заигра одлично во последниот период и успеа на една минута до крајот да дојде до негатива од само еден поен 76-77.

Мечот влезе во неизвесна завршница. Давел Роби реализираше две слободни фрлања за предност на домаќините од 78-77 на 16 секунди до крајот. ТФТ лошо изведоа аут, топката ја украде Далгер кој ги реши сите дилеми околу победникот (80-77). Давел Роби со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ленгстон Верц постигна 17 поени.

Се вчитува...