Кошаркарите на Чаир 2030 триумфираа на гостувањето против Струмица со 86-91 во последниот натпревар од последното коло во регуларниот дел од Првата македонска кошаркарска лига.
Чаирчани до триумфот во Струмица со кој ги заковаа домашните на последното место од табелата, дојдоа благодарение на подобро одиграното второ полувреме откако првото им припадна на струмичани со убедливи 52-38.
Сепак, Чаир направи разлика од 17 поени во вториот дел за конечна победа од 86-91.
Најдобар кај гостите беше Роби со 28 поени, дополнети и со осум асистенции и шест скока, а Александровски запиша „дабл-дабл“ од 17 поени и 12 скока. Мустафица мечот го заврши со 19 постигнати поени. Кај Струмица се издвоија Крстајиќ со 24 поени и Обуквелу со 18 постигнати поени.
Чаир на тој начин заврши на 9. место од 12 екипа со 7 победи и 15 порази во првенството, а Струмица заврши на последната позиција во регуларниот дел со само две победи и 20 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА