Чаирчанки минимално поразени во првиот меч против косовски Истогу во ЕХФ купот

Македонскиот женски ракометен суперлигаш ЖРК Чаир е минимално поразен од косовскиот Истогу (34-33) во првиот натпревар од двомечот во второто коло во третото по ранг европско натпреварување, ЕХФ купот.

Иако на полувреме чаирчанки имаа негатива од три гола, во вториот дел успеаја да ја намалат и реваншот да го дочекаат со само еден погодок заостанување (34-33). Теодора Гуличоска со 10 гола беше убедливо најдобар поединец во нашиот табор, додека кај победникот Луна Коншалвес и Арлинда Динарица завршија со по седум гола.

Реванш натпреварот меѓу овие два тима ќе се одигра утре со почеток во 17 часот.

Се вчитува...