Чалханоглу даде гол и ги провоцираше навивачите на Милан, „росонерите“ вратија со израмнување (ВИДЕО)

Интер поведе против Милан во 11. минута со гол од пенал кој го изнуди Хакан Чалханоглу.

Токму Турчинот го изведе ударот, и погоди во мрежата на Татарушану. Иако Милан е негов поранешен тим, сепак, не пропушти да се радува Чалханоглу, па дури и да ги провоцира навивачите на Милан со она стандардното „да ве чујам“.

Милан веднаш врати и израмни со автоголот на Де Фрај.

Се вчитува...