Чалханоглу го напушта Милан и се сели во Бешикташ

Турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу е пред трансфер во Бешикташ, откриваат медиумите во оваа земја. Претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман, заминал на преговори во Милано и успеал да го договори трансферот на одличиот играч за врска. Тој не успеа да се наметне доволно кај Џенаро Гатузо, па стратегот го одобри неговото заминување.

Во текот на денешниот ден треба да се комплетираат сите детали околу договорот и се очекува Чалханоглу да стави потпис за соработка со Бешикташ. По 17 одиграни кола во турското првенство, овој тим се наоѓа на седмата позиција на табелата со 26 бода, девет помалку од лидерот Башакшехир.

Се вчитува...