Чалханоглу го спаси Милан во Фиренца

Фиорентина и Милан ремизираа 1-1 во првиот денешен натпревар од италијанската Серија А. „Виолетовите“ се тимот што може повеќе да жали за ваквиот конечен исход, со оглед на фактот дека домаќините повеќе ја посакуваа победата, создадоа повеќе шанси пред противничкиот гол, но сепак не успеаја да стигнат до цел плен.

Симеоне го отвори резултатот во корист на Фиорентина по уште една лоша интервенција на Бонучи, но за среќа на спротивната страна ексспресно одговори Чалханоглу, кој се најде на вистинското место откако домашниот голман кратко ја оддби топката по шутот на Сусо.

Фиорентина со ова реми останува на осмото место со 27 бода на своето салдо, два повеќе од деветтопласираниот Милан.

Се вчитува...