Чалханоглу: Не би можел да одбијам понуда на Баерн или Борусија Дортмунд

Хакан Чалханоглу во изјава за германски „Билд“ нагласува дека никогаш не би можел да одбие понуда на Баерн Минхен или Борусија Дортмунд.

Турчинот во 2017 година пристигна во Милан од редовите на Баер Леверкузен за нешто повеќе од 23 милиони евра откако во германскиот клуб мина три одлични години. Сепак, од доаѓањето во Италија не се снаоѓа најдобро на терените и веќе е извесно неговото заминување.

„Израснав во Германија. Од спортска гледна точка секако за мене огромен предизвик би било играњето во Баерн Минхен или Борусија Дортмунд. Не би можел да одбијам доколку стигне понуда од нив. Во минатото знам дека моите игри ги следеше Баерн Минхен но тогаш ги имаа Робен и Рибери и беше тешко да се наметнеш во еден таков тим. Но, сега не би можел да кажам не на Баерн“ – вели Чалханоглу.

Се вчитува...