Чалханоглу пресече – не мрда од Интер

Хакан Чалханоглу игра во животна форма последните неколку седмици, откако конечно ги надмина проблемите со повредите што го мачеа во првиот дел од сезоната.

Турскиот плејмејкер се наметна како клучен фудбалер во средниот ред на Интер, а дополнително ги израдува навивачите на „нероаѕурите“ со изјавата дека е решен да остане на „Џузепе Меаца“ и следната сезона. Тој летово ќе влезе во последната година од договорот, лани беше поврзуван со преселба во Галатасарај, но Чалханоглу јасно стави до знаење дека не планира наскоро да ги промени клупските бои.

„Среќен сум овде и не планирам да си заминам. Со нетрпение ги очекувам новите предизвици и трофеите на кои ќе атакуваме до крајот на оваа, но и во наредната сезона. Мојот договор? Имам уште повеќе од 12 месеци што планирам да ги испочитувам, а во меѓувреме сигурно ќе седнеме на маса и ќе разговараме оваа соработка да продолжи уште подолго“, истакна Чахланоглу.

Се вчитува...