Стефано Пиоли се соочува со нови проблеми околу составот на Милан по повредата што ја заработи Хакан Чалханоглу. Деталните прегледи покажале дека станува збор за истегнување на лигаментите во скочниот зглоб, по што на турскиот интернационалец му е препорачано мирување во следните десет дена, по што врз него ќе бидат извршени нови прегледи.
Ова значи дека Чалханоглу ќе пропушти најмалку три средби на „росонерите“, и тоа дерби-дуелот од Калчо-лигата против Рома, како и пресметките со Селтик и со Спарта Прага во Лигата на Европа.
Одличниот играч за врска беше стандарден во тимот на Стефано Пиоли на почетокот од сезонава, што „росонерите“ ја стартуваа извонредно со четири победи во првите четири кола од Калчо-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА