Бутел од Скопје го промовираше искусниот македонски голман Градимир Чаневски како свое ново засилување за престојната сезона во Суперлигата.
Чаневски по четири сезони повторно се враќа во Бутел каде претходно мина една година.
„Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот наш тренер Стојанче Стоилов“, порачаа од Бутел Скопје.
Чаневски потекнува од школата на Металург а има настапи во својата кариера и за Вардар и Пелистер во македонскиот шампионат, како и во рдовите на Макаби Ришон Ле Зион во Израел. Беше избран и за најдобар голман во лигата за сезоната 2023/24.
Последните две сезони ги мина на голот на Охрид, а ова лето прави камбек во Бутел Скопје, кој во новата сезона освен на домашна сцена, ќе игра и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
