Серхио Рамос не е среќен во Париз, екс-капитенот на Реал Мадрид најверојатно ќе го напушти Париз на крајот од сезоната, но и Европа, а следна дестинација ќе биде ЛА Галакси!
Шпанецот пристигна како големо засилување, но засега има повеќе повреди отколку натпревари на теренот. Рамос оди од повреда на повреда, одигра само четири натпревари, на теренот мина неполни 300 минути и не е исклучено меѓусебно да ја прекине соработката со парижаните.
ЛА Галакси му нуди совршен излез, тој би бил голема ѕвезда на неговиот нов тим, на кој своевремено му се приклучи Дејвид Бекам, а подоцна и Златан Ибрахимовиќ.
Интересно, сега боите на ЛА Галакси ги бранат Даглас Коста и Чичарито Хернандез. Серхио Рамос мина 17 сезони во Реал, летово пристигна во Париз како слободен играч, но не успа да се наметне, па очигледно годините си го наплатија данокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА