ЧАО ЛЕСТЕР: Наполи на крилјата на Елмас до победа над Англичаните, Спартак сигурен во Полска

Наполи успеа да ја добие голеадата на „Диего Армандо Марадона“ против Лестер со 3-2 и го осигура своето место во нокаут-фазата на Лига Европа, но како второпласирана зад Спартак Москва.

Неаполитанците стигнаа до предност веќе во 4. минута, а во 24. минута 2-0 донесе нашиот Елиф Емлас. Гостите до полувреме сепак успеаја да изедначат на 2-2 преку Еванс и Дусбери-Хал, но македонскиот бисер го постави конечниот резултат во 53. минута.

Спартак Москва пак славеше на гостувањето кај Легија со 0-1 благодарение на голот на Бакаев во 17. минута, а трагичар за домаќините беше Пекхарт кој во осмата минута од судиското продолжение не успеа да реализира од белата топка.

Со денешните победи на Наполи и Спартак Москва двата тима успеаја да го елиминираат англискиот претставник од Лига Европа и да го пратат во Конференциската лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...