Час по кошарка од Блокотехна за немоќниот Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Блокотехна не само што израмни на 1-1 во полуфиналната серија со Работнички, туку и го декласираше најтрофејниот клуб на начин на кој никој не го сторил тоа откако Марин Докузовски се врати на клупата на „центарци“.

„Докторот“ се обиде буквално со сите оружја, но беше немоќен пред одлично поставената игра од Марјан Илиевски. Блокотехна вечерва му одржа час по кошарка на Работнички, погодувајќи од сите позиции во нападот, но и одлично играјќи во одбраната против актуелниот шампион. Триесет минути двоцифрена предност, без никаква надеж за камбек, моќно издание на Блоко за шлаканица од која Работнички ќе мора експресно да се рехабилитира бидејќи веќе в петок на програмата е третиот натпревар во оваа полуфинална серија.

 

Се вчитува...