Чавдар Костов на заминување од Работнички?

Најдобриот кошаркар на Работнички од минатата сезона, Чавдар Костов, се наоѓа многу близу до враќање во татковината, каде сериозен интерес за неговите услуги покажува шампионот Левски Лукоил. Тренерот на оваа екипа, Тити Папазов, во изјава за бугарските медиуми обелодени дека Костов ќе биде „пик број еден“ на Левски Лукоил во текот на летниот преоден рок.

Чавдар Костов ни е желба број еден. Тој е „сино дете“, има настапувано за нас во тинејџерски денови. Знаеме колку е квалитетен и неслучајно беше најдобар играч во Македонија. Ние сме сериозно заинтересирани за него, за остварување на големите цели на овој проект поврзани и со настапите во Европа“ – изјави Папазов.

Костов беше едно од првите засилувања на Марин Докузовски за претходната сезона, бугарскиот репрезентативец експресно се наметна како еден од лидерите на тимот и дефинитивно беше меѓу најзаслужните за освоената шампионска титула. Едногодишниот договор меѓу Чавдар Костов и Работнички истече на крајот од сезонава и речиси сигурно е дека бугарскиот ас во следната сезона нема да остане дел од шампионот на Македонија.

Се вчитува...