Чавдар Костов заминува од Работнички

Чавдар Костов ќе го предводи Работнички на вечерашниот втор финален дуел со МЗТ Скопје, што ќе биде еден од последните натпревари на бугарскиот ас во дресот на најтрофејниот македонски клуб. Костов и сезонава е главен адут на тренерот Марин Докузовски, но според зборовите на неговиот агент, Јоргос Патапатиу, тој летово дефинитивно ќе си замине од таборот на скопските „црвено-бели“.

„Тој беше најдобриот кошаркар во македонското првенство, најдобар странец, прв стрелец во својот тим. За неговите услуги има голем интерес, не само од Македонија и од Бугарија, туку и од Грција. Веќе добив две-три понуди, но ќе почекаме бидејќи се уште се во тек плејоф завршниците во регионот. Како и да е, очекувам Чавдар во раната фаза од летото да потпише со нов клуб“ – истакна Патапатиу.

Заминувањето на бугарскиот ас е само уште една потврда за бурното лето што ќе го очекува Работнички. Марин Докузовски најави дека нема да биде тренер во следната сезона, Мираковски дефинитивно ја завршува кариерата, а се очекува истото да го стори и Ѓорѓи Чековски.

Се вчитува...