Чави: Барса повторно немаше среќа, го добивме најтешкиот можен противник!

Во плеј-оф рундата од Лига Европа, Барселона за противник го доби Манчестер јунајтед, што значи мора да го мине, само за да игра во осминафиналето на втората по ранг конкуренција на УЕФА.

Тимот на Чави се најде во слична ситуација и лани, кога отпадна од ЛШ, а во плејофот во ЛЕ го доби најтешкиот можен ривал – Наполи. Потоа следуваше новата сезона во ЛШ, па ја доби „групата на смртта“ со Баерн Минхен и со Интер, а сега ова. Чави признава дека немаат среќа и дека ждрепката е сурова, но мора да се надигруваат.

„Ждрепката ни го донесе најтешкиот можен ривал…уште еднаш. Ова е најкомплицираниот противник, на хартија, кој можеше да се добие. И за Лигата на шампионите реков дека е сурова ждрепката и таму немавме среќа. Едноставно го посочив најлошото и тоа ни дојде. Но ќе се надигруваме. Ова ќе биде нов предизвик за мене и за фудбалерите, тие ќе бидат посебно мотивирани против ривал кој е толку силен на хартија“, вели тренерот на Барселона.

Се вчитува...