Чави: Де Јонг е клучен играч на Барса, но проблем се финансиите

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, ги коментираше гласините за заминувањето на Френки Де Јонг. Во последно време се шпекулира дека одличниот играч за врска е на излезната врата од Барселона и преселба во Манчестер Јунајтед, каде од следната сезона тренер ќе биде Ерик Тен Хаг.

Чави истакна дека Де Јонг е многу важен играч на Барселона, но и дека мора да се реши финансиската ситуација во која се наоѓа клубот.

„Многу пати сум кажал дека Френки е многу важен. Тој е клучен играч. Но, тука е и финансиската состојба на клубот, која мора да се реши. Не зборувам за Френки, туку воопшто“, рече Чави.

Според тамошните медиуми Јунајтед е подготвен да плати 70 милиони евра за Де Јонг, а наводно пред заминување од клубот од „Камп Ноу“ е Тер Штеген.

Се вчитува...