Барселона го растури Реал Мадрид победувајќи со 3-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот на Далас каубојс во Тексас пред околу 80.000 навивачи.
Дембеле во 15. минута донесе водство за Барселона, а потоа прилично долго се чекаше на вториот гол. Барса дури во финишот тотално ги скрши „кралевите“ со головите на Лопез во 85. минута, односно Феран во 91. минута. Винисиус Жуниор, пак, промаши пенал за Реал, чии играчи вкупно пет пати ја погодија гредата.
Тренерот на каталонскиот тим, Чави сосема очекувано задоволен по победата на неговиот состав.
„Да бидеме реални резултатот малку залажува, исходот можеше да биде поинаков. Не значи дека одигравме одличен натпревар. Не одигравме добро или лошо, но задоволни сме со резултатот. Се разбира дека Ел Класико никогаш не е само пријателски натпревар“ – истакна Чави по дуелот.
Стратегот на Каталонците ги коментираше и гласините за трансферот на Дембеле во ПСЖ.
„Ќе видиме, никогаш не се знае во преодниот рок што може да се случи. Во секој случај ние не можеме да го контролираме пазарот. Има клаузули, одлуката е на него. Мислам дека Усман е среќен во Барселона. Да има некакви проблеми, би ни кажал. Тој засега е тука“ – рече Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА