Чави и Барса се договориле за нов договор

Актуелниот тренер на Барселона, Чави се согласил на продолжување на договорот со „Каталонците“ до 2026 година, тврди „Диарио Спорт“. Наводно двете страни веќе се договориле, и во следниот период ќе следува само официјализација.

Чави е на чело на Барселона од 2021 година, а во оваа сезона тимот стана шампион на Шпанија и го освои трофејот во Супер-Купот.

Барселона има долгорочни планови со Чави, и задоволен е од неговата работа, а побарал само подобри резултати во Европа, каде што ова сезона Барса испадна од групите во ЛШ, а потоа и во 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Се вчитува...