Чави има список на „недопирливи“ и список на „отпишани“

Барселона е на прагот да ја освои шампионската титула во Ла Лига, но раководството на тимот не е задоволно од сезоната во која каталонците рано испаднаа од Лигата на Шампионите и преживеаа дебакл во Купот на Шпанија од лутиот ривал Реал Мадрид.

Целите за престојната сезона остануваат атак на сите трофеи, но за конкурентен состав потребни се нови засилувања, но и заминувања на дел од играчите. А, тренерот Чави веќе има список на играчите кои се сметаат за „недопирливи“ и оние кои слободно можат да бараат нова средина.

На овој првиот се наоѓаат: Араухо, Кристенсен, Дембеле, Тер Штеген, Де Јонг, Педри и Левандовски, додека „отпишани“ се имињата на Рафиња, Кеси, Торесе, Фати, Гарсија и Алба, откриваат шпанските медиуми.

Се вчитува...