Чави ја откри вистината за Барселона: „Не може да ги лажеме луѓето…“

Барселона незаслужено славеше против Реал Сосиедад за чекор напред кон пласманот во Лигата на шампионите. Каталонците славеа повеќе од тешко со 0-1.

Последните недели се чинеше дека Барса се враќа во препознатливата форма, но според зборовите на Чави вистината е малку поинаква.

„Во поголемиот дел од натпреварот беа многу подобри. Беа постојано во налет, и едноставно не може да ги лажеме луѓето. Очигледно е дека кај нас се чувствува замор, а Реал заслужи повеќе“ – истакна Чави и дополни:

„Сепак ова е важна победа. Навистина за нас е златна победа“.

Чави ја коментираше и изјавата на Дани Алвеш кој истакна дека Реал Мадрид оваа сезона во Шпанија имал среќа, затоа што Барса доцна се разбуди.

„Барселона до крајот на сезоната има уште шест натпревари. Мислам дека, како и да е, Лигата на шампионите ни е во рацете“.

Се вчитува...