Чави: Ќе дадеме се од себе да ја освоиме Лига Европа

Баерн Минхен беше оној кој повторно и пресуди на Барселона откако славеше со 3-0 во Минхен во последното коло од групата фаза во Лигата на Шампионите и го елиминираше каталонскиот гигант од најсилното европско натпреварување, нешто што се случува прв пат по 20 години, а вкупно четвртти пат во историјата.

Барселона европските мечеви ќе ги продолжи во Лига Европа, а тренерот Чави вели дека тимот ќе даде се од себе за да го освои второто најсилно европско натпреварување.

„Многу се подобри од нас, беа супериорни. Ние дадовме се од себе, ги притиснавме високо и пробавме да им ја одземеме топката, но брзо не совладаа. Лут сум, ова е моментално нашата реалност и тоа ме фрустрира, но мораме да се соочиме со тоа. Немаме друга опција. Ова е нова ера за нашиот тим, тука започнуваме од нула. Нашата цел е Лигата на Шампионите, а не Лига Европа, но кога сме веќе во ваква ситуација ќе дадеме се од себе да го освоиме и ова натпреварување“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...