Чави лут: Две неверојатни грешки не чинеа два бода

Барселона се „лизна“ на гостувањето во Палма де Мајорка. Против Мајорка одигра 2-2, и покрај тоа што два пати губеше, сепак, на крајот каталонскиот тим се враќаше и успеа да освои бод.

Тренерот на „Каталонците“ Чави по натпреварот беше лут од изданието и од резултатот на својот тим.

„Главниот проблем беше тоа што противникот даде два гола по наши грешки. И тоа се случува во периодот кога игравме добро. Вакви грешки не смеат да се случуваат, особено во тесни натпревари. Имавме многу шанси, но иг пропуштивме. Не сум задоволен од резултатот. Откако израмнивме ја презедовме иницијативата. Имавме шанси за 1-2, а потоа по уште една грешка примаме втор гол. Затоа не победивме“, рече Чави.

Се вчитува...