Чави на маки: Барса донесе четири засилувања, но за ЛЕ може да регистрира само три

Доаѓањето на четири играчи во текот на зимскиот преоден рок во Барселона, му создава главоболки на тренерот Чави, со оглед дека во Лигата на Европа може да регистрира само нови три фудбалери. Затоа треба да одлучи кои од Обамејанг, Торес, Траоре и Дани Алвес ќе извиси на оваа листа.

Според „Марка“, оној кој ќе извиси е Алвес, со оглед дека конкуренцијата таму е голема. Бразилецот е најискусен од сите во Барселона, меѓутоа веројатно ќе мора тој да биде „жртвата“ на оваа ситуација.

Барселона во Лигата на Европа во 1/16 финалето ќе игра против Наполи.

Се вчитува...