Барса најде оправдување за лошата игра во Франкфурт: Тревата не беше добра

Ајнтрахт Франкфурт и Барселона одиграа 1-1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа. Домашните водеа со голот на Кнауф во 48. минута, а Барселона до реми стигна преку Феран Торес кој во 66. минута успеа да го совлада Трап и да израмни.

Барселона одигра лош натпревар, и само неконцетрацијата на напаѓачите на Ајнтрахт придонесоа резултатот да не биде поинаков, па дури и во корист на германскиот тим.

Фудбалерите на Барселона и тренерот Чави по мечот се пожалија на лошата состојба со тревникот на стадионот.

„Теренот не беше во најдобра ситуација. Не беше добра. Кога ќе играме дома, топката подобро ќе оди“, рече Чави.

Со него се сложија и неговите играчи.

„Кога стигнавме веднаш приметивме дека тревата не е во најдобра состојба“, рече Феран Торес.

Се вчитува...