Чави: Не можеме да се лажеме, Реал ја заслужи титулата!

Барселона им се врати на победите на „Камп Ноу“ по три порази во серија, успевајќи да го победи тимот на Мајорка со резултат 2-1, што автоматски значеше и враќање на втората позиција во Ла Лига.

Тренерот на Каталонците, Чави Ернандес по средбата порача дека главна цел на Барса ќе биде да остане на второто место во преостанатите четири рунди, бидејќи пласман во Лигата на шампионите е од круцијално значење за клубот во ситуација кога тимот не можеше да се бори за титулата.

Реал Мадрид во саботата го завери трофејот во домашното првенство, па Чави немаше проблем да им честита на „кралевите“ и на обраќањето на прес-конференцијата.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на Реал Мадрид, бидејќи тие станаа шампиони поради заслугите кои ги имаа на фудбалскиот терен. Сега е поинаку од порано, во трката за Лигата на шампионие остануваме пет тима, а титулата ја освои Реал Мадрид. Сметам дека Реал е заслужен победник. Да бидеме реални, после 38 кола, не може да излажете никого. Нас ни останува да останеме втори и да влеземе во Лигата на шампиони, изјави Чави.

Се вчитува...