Чави: Не постои страв од неуспех

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез изјави дека претстојниот натпревар со Наполи е најважниот натпревар во сезоната за каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерите на Барселона вечерва ќе го пречекаат Наполи во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. На првиот дуел, кој се одигра на 21. февруари во Неапол двата тима ремизираа 1-1.

„Не очекува најважниот натпревар во сезоната. Мотивирани сме и возбудени. Се надевам дека нашите навивачи ќе имаат магична ноќ. Ги нема Гави, Педри, Балде, Де Јонг… Но мораме да се натпреваруваме и да покажеме на што работевме деновиве. Имаме можност по четири години да стигнеме до четвртфиналето на Лигата на шампионите. Играме пред нашите навивачи, имаме кадровски проблеми, но тоа не треба да биде оправдување. Мораме да ја свртиме оваа ситуација во наша корист. Не постои страв од неуспех. Сакаме да покажеме дека сме на вистинскиот пат“, изјави Чави.

Натпреварот меѓу Барселона и Наполи е со почеток во 21 часот.

Се вчитува...