Чави нема дилема: Барселона е најтешкиот клуб на светот

Барселона вечерва ја чека реванш дуел против Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето на Лигата на Европа. Каталонците иако не одиграа на посакуваното ниво се вратија со реми од Германија, па сега во својот дом и пред своите навивачи ќе се обидат да го минат бундеслигашот и со тоа останат во игра за трофејот кој никогаш го немаат освоено во својата историја.

Тренерот Чави Ернандес е свесен дека пред нив е незгоден и тежок противник. Шпанецот нагласи дека од Барса не се очекува само да издвои победа, туку тоа да го направи со квалитетна и атрактивна игра.

„Должни сме да победиме и да играме добро. Ова е Барса. Не е доволно 1-0 во 90. минута, ова го знаеме. За оние кои го познаваат клубот, се работи за извонредност во сè што правиме. Затоа ова е најтешкиот клуб во светот. Нема споредба. Нема друг клуб во светот како овој, да се бара да се победи со извонредна игра. Многу е тешко“, порача Чави.

Се вчитува...