Чави: Ние сме Барселона и одиме во Минхен да победиме

Тренерот на Барселона, Чави е разочаран од бодот со Бенфика, и рече дека неговиот тим оди во Минхен на победа и на пласман во следната фаза во Лигата на шампионите.

„Бевме далеку подобри од Бенфика. Да дадевме барем еден гол, јас сум убеден дека ќе победевме и сега ќе зборувавме поинаку. Но, освоивме само бод кој не е доволен“, изјави Чави.

Предводникот на „Каталонците“ оптимист пред последниот дуел во групната фаза во ЛШ.

„Имаме уште еден меч и ќе одиме да победиме во Минхен. Ние сме Барселона, и одиме да победиме. Зависиме само од нас, и мораме сите да имаме иста одговорност. Ако ме прашувате за играта, јас сум задоволен, а од резултатот не сум“, вели Чави.

Се вчитува...