Чави: Најлошиот меч во последните неколку години

Тренерот на Барселона, Чави истакна незадоволство од поразот од Шахтјор на гостувањето во Хамбург. Со тоа Барселона не ја продолжи победничката серија, но се чини дека ќе нема проблеми да се пласира во 1/8 финалето во најелитното натпреварување, со оглед дека останува да игра против Порто дома и со Антверпен на гостински терен.

Чави го претрпе петтиот пораз во групната фаза во ЛШ, со што го израмни антирекордот на клубот.

„Дојдовме до многу лоша игра, загубени топки, не ја контролриавме топката, акциите не ги спроведувавме добро. Ова е еден од најлошите натпревари во последните неколку години. Ситуацијата е лоша, но мораме да продолжиме да работиме. Се зависи и натаму од нас, ако го совладаме Порто идниот меч, тогаш математички веќе сме во следната фаза“, потенцираше тренерот на Барселона.

Се вчитува...