Чави Пасквал: Сите велат дека Барса е непобедлива, но тоа не е вистина

Барселона ја има улогата на фаворит на фајналфор турнирот што стартува денеска во Келн, кој ќе го даде наследникот на Вардар на тронот на ракометна Европа. Каталонскиот гигант за ривал ќе го има ПСЖ, тим со врвни играчи во своите редови, но Барса со игрите на големата сцена во изминатата година се наметнува како главен кандидат за трофејот.

Сепак, тренерот Чави Пасквал е дециден дека на Ф4 ниту еден тим не треба да биде сметан за фаворит, уште повеќе за непобедлив.

„Точно е дека игравме одличен ракомет во овој период, но сме биле сведоци, јасно ни е дека тоа не значи ништо кога ќе се дојде на Ф4 во Келн. Тука играат врвни клубови, способни да го добијат секој ривал, така што сигурно нема да ни биде лесно. Сите велат дека Барса е непобеедлива, но тоа не е вистина. Мораме да останеме цврсто на земја и да одиграме стопроцентно од почеток до крај доколку сакаме да стигнеме до победата против ПСЖ“, порача стратегот на Барселона во пресрет на денешното полуфинале.

Се вчитува...