Чави побара дозвола за уште четири засилувања

Тренерот на Барселона, Чави испрати порака до раководството на Барса да дозволи да се донесат уште четири засилувања, покрај Франк Кеси и Андрес Кристенсен кои веќе има преддоговор со „Каталонците“.

Чави побарал дозвола да ангажира нови бекови, крилен напаѓач и класичен напаѓач.

Наводно приорирет е ангажман на напаѓач, со оглед дека Лук Де Јонг се враќа во Севилја, а Мемфис Депај е пред заминување од „Нои Камп“.

Во изминатите денови наголемо се пишуваше за трансфер на Роберт Левандовски во дресот на Барселона, но подоцна директорот Матеу Алемани ја демантираше информацијата.

Се вчитува...