Чави прави „ремонт“, Барселона ќе промени пола тим!?

Новинарот Жозеп Алварез во емисијата „Ел Чирингито“ пренес дека Чави сака да направи голем ремонт во летниот преоден рок, укажувајќи дека на „Камп Ноу“ ќе пристигнат седум до осум нови фудбалери. „Каталонците“ сезонава играат под очекувањата, ниту Чави не успеа драстично да го подигне нивото, па менаџерот сака да направи голема реконструкција по крајот на сезоната.

Во емисијата „Ел Чирингито“, новинарот Жозеп Алварез пренесе дека Чави сака да донесе нов голман, два бека (лев и десен), централен дефанзивец, двајца фудбалери од средниот ред и двајца напаѓачи.

Се очекува Нето да ја напушти Барселона и да биде вратен Ињаки Пења, кој има одлична сезона на голот на Галатасарај. За десната бековска позиција, практично е договорен Сезар Аспиликета од Челси, а за левата, во напредна фаза се преговорите за ангажман на Маркос Алонсо, додека пак Грималдо од Бенфика и Гаја од Валенсија се алтернативни доколку пропадне зделката за ангажман на играчот на Челси.

Андреас Кристенсен од Челси е договорен како засилување за централниот дел на одбраната, а има договор и со Франк Кеси од Милан, кој ќе биде засилување за средниот ред. Рубен Невеш од Вулверхемптон е на агендата, но Португалецот е само опција доколку Френки де Јонг биде продаден.

Што се однесува до нападот, Рафиња од Лидс и Роберт Левандовски од Баерн Минхен се на листата со желби.

Се вчитува...