Чави сака како тренер да се врати во Барселона

Славниот шпански фудбалер, Чави Ернандез од Катар почнува со тренерскиот занает. Тој кариерата официјално ја заврши минатиот месец во Ал Сад, а токму овој клуб ќе му биде првиот предизвик во кариерата како тренер.

„Мојата идеја е менаџерската работа да ја почнам во Катар за да стекнам искуство. Потоа ќе се вратам во европскиот фудбал. Се разбира, се надевам дека ќе биде тоа во Барселона. Во моментов не сум во таква позиција“ – вели Чави.

Тој во Барселона мина 16 сезони, одигра 767 натпревари и постигна 85 гола. Со каталонскиот тим има вкупно 25 трофеи од кои осум титули во Ла лига и четири во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Шпанија има две европски и една светска титула.

 

Се вчитува...