Чави: Си го искомплициравме животот, направив грешка!

Барселина синоќа беше поразена од Рајо и Столе Димитриевски со минимални 1-0 на домашен терен и се најде во незгодна ситуација во битката за места кои водат во Лигата на шампиони.

На пет кола до крајот на оваа сезона, каталонскиот гигант е на второто место со 63 бода исто колку и Севиља. Каталонците мора да останат на едно од првите четири места доколку сакаат и следната сезона да играат во Лигата на шампиони.

„Си го искомплициравме животот, но се уште имаме контрола“, беа првите зборови на Чави Хернандез. Бевме деветти во ноември. Не се плашиме да играме, но работите се комплицираат. Ајде да одмориме и да размислиме за Мајорка. Имаме пет финалиња до крајот на сезоната. Лут сум и разочаран. Направив грешка како тренер. Особено во мотивацијата на играчите. Мислев дека дадов се, но очигледно не сум успеал во тоа“, изјави Чави.

Се вчитува...