Чави уште една година во Ал Сад

Некогашниот играч на Барселона, Чави Хернандез, не планира да стави крај на својата богата кариера и покрај тоа што има 37 години. Тој денеска стави потпис на нов едногодишен договор со неговиот моментален клуб од Катар, Ал Сад.

Чави го носи дресот на оваа екипа од 2015 година и очигледно е дека му годи престојот во Катар, а неговиот нов договор ќе ’тежи’ 10 милиони евра годишно. Ал Сад во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата во катарскиот шампионат, со три бода заостанување зад лидерот Лехвија.

Шпанецот во најголем дел од кариерата го носеше дресот на Барселона, каде настапи на вкупно 767 натпревари и 85 пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...