Чави за дуелот со Ајнтрахт: Играчите ми рекоа дека не се чувствуваат како дома

Тренерот на Барселона, Чави денеска на прес-конференцијата пред мечот со Кадиз во 32. коло од Ла Лига, се осврна на она што се случуваше во Лигата на Еворпа и дуелот со Ајнтрахт Франкфурт.

Поради пропуст на раководството, на трибините на „Ноу Камп“ беа дури 30 илјади гостински навивачи, што е повеќе од дозволеното.

„Клубот ќе се огласи и ќе објасни. Нормално, треба да направиме никогаш да не се повтори нешто слично. Активно се работи на тоа. Играчите ми рекоа дека не се чувствуваат пријатно, како да не се дома“, рече Чави.

„Уште кога доаѓавме накај стадионот, видовме дека нешто не е во ред. Се што имаа фрлаа на нас. Беше јасно дека не е тоа добро, затоа што имаа премногу. Потоа пенал. Беше тоа лоша вечер. Така почна, и така заврши, и сега ја забораваме и почнуваме од нула“, рече Чави.

Се вчитува...