Чави не го криеше задоволството што Барселона експресно се врати на победнички патеки по ремито со Мајорка, славејќи на синоќешниот дуел со Севилја.
Неочекувано, човек на одлука беше Серхио Рамос, искусниот дефанзивец кој со години водеше битки против Барселона, а синоќа со автогол му ги донесе трите бода на кталонскиот гигант.
„Искрено, жал ми е за Серхио Рамос и за автоголот, без разлика што денеска ни ја донесе победата. Не го видов по мечот, не разговаравме, но тој е роден шампион, неверојатен професионалец, заслужува само пофалби што на таа возраст се уште игра на највисоко ниво. Знам дека беше максимално мотивиран, но немаше среќа, топката му се одби од нога и заврши во мрежата, тоа беше голем малер за него и за Севилја. Ние се мачевме да постигнеме гол иако создадовме многу шанси, но за среќа успеавме да стигнеме до бодовите“, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА