Чеченското „чудовиште“ продолжува со беспрекорноста: 20 борби – 20 нокаути (ВИДЕО)

Артур Бетербиев ги одбрани ВБЦ, ИБФ и ВБО појасите светски шампион во полутешка категорија откако во Квебек со технички нокаут во седмата рунда синоќа го победи Британецот Калум Смит.

Ниту Смит не можеше ништо против чеченско-дагестанското „чудовиште“ кој има канадски пасош, па успеа да издржи до седмата рунда. Бетербиев, пак, и во својата 20-та борба победи со 20-ти нокаут.

Британецот најавуваше дека ќе го шокира светот со победа над Бетербиев, но остана само на зборови.

Сега сите очекуваат организација на спектакл и меч за апсолутен светски шампион против уште еден „ѕвер“, Дмитриј Бивол.

„Секако дека ја сакам таа борба. Го сакам тој четврти појас, тоа ми значи многу. Тоа би бил врв на кариерата“ – изјави Бетербиев по синоќешната победа.

Се вчитува...