Чеде Јаневски фаворит за клупата на кипарски АЕЛ

Поранешниот македонски селектор и екс тренер на Вардар, како и на неколку кипарски екипи Чедомир Јаневски, би можел да се врати повторно на Кипар, и да го предводи тимот на АЕЛ, во кој настапуваат македонските интернационалци Кире Ристевски и Давор Здравковски.

АЕЛ денеска соопшти дека се разделиле со Душан Керкез, а Јаневски во моментов е во завршни преговори со тимот на АЕЛ, јавуваат медиумите на Кипар.

Јаневски работеше во Кипар каде ги водеше Енозис, Етникос и Олимпијакос Никозија. Во мај оваа година стана дел од стручниот штаб на Јужна Африка.

Се вчитува...