Чедо Божје, промаши слободно – српски поп е хит на интернет по мечот Црвена Звезда – Асвел (видео)

Црвена Звезда во драматична завршница славеше над Асвел во Белград, Немања Недовиќ ги постигна победничките поени за „црвено-белите“, но АБА-шампионот имаше и „божја помош“ во неизвесната завршница во салата „Пионир“.

Имено, српски поп стана хит на интернет откако се појави видео од завршните секунди, како тој доаѓа зад аут-линијата и скокајќи го попречува гостинскиот кошаркар додека изведува слободно фрлање.

На крајот, молитвите вродија со плод, кошаркарот на Асвел ги промаши двете слободни фрлања, а Црвена Звезда стигна до значаен триумф во елитното европско натпреварување.

 

Се вчитува...