По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Град Скопје синоќа во Македонската опера и балет ги подели традиционалните награди за посебен придонес во неколку области. Во спортот, наградени беа тренерот на ФК Вардар, Чедомир Јаневски, како и поранешниот олимпиец, кајакарот Атанас Николовски.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници им ги врачи наградите и им се обрати на присутните гости.
Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2017 година се:
Од областа на спортот:
ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ -за долгогодишни врвни резултати во областа на фудбалскиот спорт.
АТАНАС НИКОЛОВСКИ -за значајни постигнувања во областа на кајакарскиот спорт.
Од областа на науката:
ХАКИ ИМЕРИ – за континуирани значајни остварувања во областа на науката и образованието.
ГОРАН КОНДОВ- за високи постигнувања во областа на медицинската наука и хируршката практика.
Од областа на образованието и воспитанието:
ЈАДРАНКА КЛИСАРОВА -за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.
Од областа на културата и публицистиката:
ДИМИТАР БАШЕВСКИ-за долгогодишни високи остварувања во областа на литературата и културата.
ПУНТОРИЕ МУЧА-ЗИБА -за долгогодишно континуирано успешно литературно творештво.
Од областа на уметноста:
ВАСИЛ АТАНАСОВ -за долгогодишна успешна дејност во областа на музичката уметност.
СТЕФАН ХАЏИ-НИКОЛОВ -за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.
Од областа на здравствената заштита и хуманитарната активност:
РАДЕ ИЛИЕВСКИ-за долгодишна хуманитарна активност.
ЖАН МИТРЕВ -за долгогодишен врвен придонес во областа на здравствената заштита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА