Чедомир Јаневски по девет години повторно на кормилото на Енозис

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски повторно е на Кипар. По девет години тој се враќа на кормилото на кипарскиот тим Енозис и ќе се обиде да му помогне да го задржи местото во елитата. Енозис во моментот се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во првенството на Кипар со 11 бода.

Јаневски беше предводник на Енозис во периодот од 2009 до 2011 година, а на Кипар има работено и во Етникос Ахна.

Се вчитува...