Чеферин: Ањели е Путин на фудбалот

По пропаѓањето на идејата за формирање на европска Суперлига, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели зад грбот на УЕФА работел на нов, сличен проект, вели првиот човек на европскиот фудбал Александер Чеферин.

Претседателот на УЕФА на „Бизнис фудбалската конференција“ која ја организира „Фајеншл тајм“ ја коментираше инфорамцијата и го спореди првиот човек на „старата дама“ со Владимир Путин.

„Прво покренаа бесмислена идеја сред пандемијата, а потоа слушнавме за друга сред војна. Тие очигледно живеат во паралелен универзум. Аљели е узурпатор, диктатор и Путин на фудбалот. Тој е човек без срам, па ниту војна не може да го спречи во неговите намери“, вели Чеферин.

Се вчитува...