Чеферин го искара Перез за случајот со Мбапе: Реал не може да ѝ каже на УЕФА што да прави!

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, упати остри критики кон Реал Мадрид за повицити за санкционирање на ПСЖ по новиот договор на Килијан Мбапе. Критиките на Шпанија се дека францускиот клуб веќе ги крши правилата на финансискиот фер-плеј.

„Би-Би-Си“ потсетува дека Мбапе неодамна потпиша нов договор со ПСЖ, иако преговараше со Реал Мадрид. Според француските медиуми, новиот договор е вреден околу 600 милиони евра, а шпанската фудбалска Ла Лига понудата на францускиот клуб ја нарече скандалозна.

„Ниту Реал Мадрид, ниту кој било друг клуб не може да ѝ каже на УЕФА што да прави. Тие се револтирани од нешто, но колку што знам нивната понуда беше слична на онаа на ПСЖ. УЕФА има прилично строги правила за финансиски фер-плеј. Секој кој ги почитува нашите правила е добредојден да игра во нашите натпреварувања. Кој не сака да ги почитува правилата, нема ни да игра“, категорично изјави Чеферин за „Би-Би-Си“.

Се вчитува...