Чеферин: Максимир е најлошиот стадион во Европа

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин беше на дуелот од последното коло во фудбалската Лига на шампионите меѓу Динамо Загреб и  Манчестер Сити. Словенецот има големи забелешки за стадионот на кој натпреварите ги игра хрватскиот првак.

„ Драго ми е што дојдов на „Максимир“, но нема да зборувам за Динамо, веќе се е кажано. Она што можам да кажам е дека се што видов овде ми се допаѓа, со исклучок на стадионот. Ова, по мое мислење е најлошиот стадион во Европа. На ова ниво, сигурно е најлош“ – вели Чеферин.

Претседелот на УЕФА порача дека Динамо мора најскоро да го реши овој проблем. Од Динамо велат дека реноврањето на стадионот е еден од приоритетите и оти клубот ќе побара помош од УЕФА за да направи стадион кој ќе ги задоволува сите критериуми.

 

 

Се вчитува...