Чеферин најавува промена во Лига на Нации: Македонија во иднина ќе игра со селекции од Јужна Америка!?

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин во разговор за „Глобо“ најави дека УЕФА сака да креира Лига на Нации во која ќе настапуваат и репрезентации од Јужна Америка.

Во иднина можеме да очекуваме дека Македонија ќе игра во Лигата на Нации против селекции како Бразил, Аргентина, Чиле, Колумбија… Тоа не е исклучено, а идејата ја потврдил и Чеферин, признавајќи дека тоа е „вистинска“ опција.

„После создавањето на Лигата на Нации нашите репрезентации не играат повеќе пријателски натпревари. Големите тимови не играат со Бразил, Аргентина, а тие ни кажуваат дека сакаат да играат. Тоа би било многу добро“, рече Чеферин.

Сличен аргумент во 2018 година изнесе и бразилскиот селектор Тите кој кажа дека за подобар Бразил, мора да игра пријателски натпревари со европски репрезентации.

Се вчитува...