Чеферин: Некој е луд… Тие или јас? Јас дефинитивно не сум

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се потсети на најпредизвикувачкиот период од неговиот живот.

Тој во емисија на Хрватската радио телевизија откри како се чувствувал кога ја добил иницијативата од 12 клуба кои сакаа да формираат Суперлига.

„Ми рекоа ние ќе ви дадеме на вас 3,5 милијарди евра па вие за нас направете ја. Веднаш им одговорив дека тука е некој луд. Или тие или јас? Јас знам дека не сум и од тогаш веќе не ме бараа. Тој капитал секогаш ќе доаѓа, но мислам дека во следните десет години сме мирни“, изјави Чеферин. 

Суперлигата пропадна откако навивачите на премиерлигашите веднаш кренаа бунт против сопствениците на своите клубови по што тие веднаш мораше да го напуштат натпреварувањето.

Се вчитува...