Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, најави дека ВАР – технологијата од следната сезона најверојатно ќе се користи во Лигата на шампионите. Иако се работи за голема територија која треба да биде покриена, како и сомнежите што се уште постојат за функционирањето на овој систем, сепак, планот е да се стартува од идната сезона во елитното европско клупско натпреварување.
„Многу е проблематично да се воведе ВАР, иако тоа можеби и не изгледа така. Мора се покрие голема територија и планот е да се стартува од наредната сезона“, изјави Чеферин.
ВАР – технологијата ова лето за првпат се користеше на Светското првенство во Русија, а имаше најави и дека би можела УЕФА да го воведе оваа сезона од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Сепак, тоа комплетно ќе биде одложено за следната сезона и најверојатно ќе стартува со Суперкупот на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА