Чеферин убеден: Проектот на Суперлигата е мртов

Пртседателот на УЕФА, Александар Чеферин уште еднаш повтори дека проектот за формирање на Суперлигата е мртов, само два дена откако повторно се интезивираше прашањето околу почетокот на ова натпреварување.

Тој го прогласи проектот како „мртов“, и покрај обидите да се оживее. Чеферин ова го кажа во Буенос Аирес.

„Овде сме да разговараме за фудбал, а тоа не е фудбал“, рече 55-годишниот Словенец. 

Вчера Баерн и Борусија Дортмунд уште еднаш се изјаснија дека немаат намера да учествуваат во проектот. Тие и во април 2021 година го кажаа истиот став.

Се вчитува...